• Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување

    16. март 2020
    Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Детската љубов нема граници, ниту пак нивниот живот има цена. Се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, тоа е наша привилегија, наша обврска и наш заеднички приоритет - потенцираат од РСБСП и Триглав Осигурување, во најава на новата сообраќајно превентивна акција, насловена како „Безбедни училишта – безбедни првачиња“.
  • Безбедни училишта – безбедни првачиња

    16. март 2020
    Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување
    Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие, во кое што живееме.
  • Како да изберете и како правилно да поставете детско седиште во автомобил?

    16. март 2020
    Користење на детско седиште во автомобил за превоз на деца на возраст до 5 години е законска, морална, етичка, возачка и пред се родителска обврска. Иако постои тенденција на зголемена употреба на детски седишта во автомобилите, сепак, евидентен е фактот дека бројот на родители/возачи кои не користат детски седишта за превоз на деца до 5 години не е мал.
  • Новогодишна акција на РСБСП, ТРИГЛАВ осигурување и Комерцијална банка

    6. март 2020
    НОВОГОДИШНА АКЦИЈА НА РЕПУБЛИЧКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА, ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ И КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА- СКОПЈЕ
    На заедничко задоволство, а по повод новогодишните празници, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Триглав Осигурување и Комерцијална Банка – Скопје, во пред новогодишните денови организираа дружење со децата од Клиниката за детски болести- Скопје. Во наредните денови, дружењето ќе продолжи и со децата во „Институт за белодробни заболувања на деца – Козле“, и децата кои се наоѓаат во Клиничкиот центар- „Детска хирургија-Скопје“ . Дружењето е исполнето со забава, дополнета и поддржана од маскотата на Триглав Осигурување - кучето „Пази“, Дедо Мраз со новогодишни пакетчиња и сообраќајно едукативни материјали за децата.
    На нашите најмали и најмили пријатели им посакуваме среќни празници, брзо оздравување и исполнување на сите новогодишни желби.
  • ОДБЕЛЕЖАН 9 -ти ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА

    9. декември 2019
    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР Битола и СВР Струмица - Сектор за превентивни работи, со превентивни сообраќајно едукативни активности и настани организирани во ПС Битола и во основните училишта во Струмица, го одбележаа 9-ти Декември, Денот на превенцијата.
  • "БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА-БЕЗБЕДНИ ПРВАЧИЊА"

    1. ноември 2019
    "БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА-БЕЗБЕДНИ ПРВАЧИЊА" - заедничка кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување. Во рамките на кампањата реализирани низа активности во Основните училишта "Лирија" и "Кирил и Методиј" во Тетово
  • Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина

    4. септември 2019
    Почетокот на учебната година носи радост, возбуда и среќа кај децата. Детскиот темперамент и возбуда се чувствува во секој нивни чекор. Не е лесно да си дете, на првиот училишен ден. Не е лесно да си дете и секој друг ден.
  • Без изговори! Да ги заштитиме децата од повреди или загуби во сообраќајот!

    30. јануари 2019
    Современиот начин на живот, бројните обврски и динамиката со која ги извршуваме секојдневните активности, влијаат на сите сфери на општественото живеење, вклучително и на сообраќајот. Понекогаш многу лесно се губиме во секојдневната „џунгла“ од обврски, a се губиме и во секојдневниот сообраќаен метеж. Ако снаоѓањето во секојдневниот сообраќаен метеж е проблем дури и за возрасните, се наметнува прашањето: Како ли само децата се снаоѓаат во таа „сообраќајна џунгла“?
  • Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија

    21. декември 2018
    Најновата едукативна кампања на РСБСП „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ која посочува на најчестите изговори што учесниците во сообраќајот ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата ќе биде спроведена во осум градови низ Македонија. Целта на активностите од кампањата која првично беше претставена преку билборди поставени на фреквентни места, е да влијае врз учесниците во сообраќајот преку директна комуникација и едукација.
  • РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

    2. ноември 2018
    Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Секојдневно на улиците ширум Европа, се случуваат сообраќајни незгоди со фатални последици, предизвикани од неодговорни возачи, возачи под дејство на алкохол итн.