Децата, како дел од сообраќајот, често страдаат во сообраќајни незгоди. Статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажува дека во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години.