За проектот

Безбедност во сообраќајот е тема која секое дете треба да ја знае пред да порасне. Опасностите на патот се закана за сите нас и од таму тоа е важна тема за дискусија.  Важно е да ги едуцираме децата од рана возраст за сообраќајните правила и прописи.

Пред десетина година дечињата можеа да прошетаат по улиците без грижа, но времињата се менуваат. Се повеќе автомобили, скутери, велосипеди, мотоцикли и автобуси на патот, а од таму потребата за поголема и засилена едукација.

Од тие причини РСБСП ја изработи првата веб страна за децата која има цел едукација на намладите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на дечиња повредени и загинати во сообраќајните незгоди на патиштата во Република Македонија.

„Семафорко“ е веб страна каде што ќе прочитате интересни и едукативни текстови за воразсните и ќе најдете интересни боенки за најмладите.

Вашите предлози и забелешки може да ги пратите на contact@rsbsp.org.mk.