Безбедни училишта – безбедни првачиња

Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување

Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие, во кое што живееме. Поради тоа, децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижат за безбедноста на децата во сообраќајот и согласно со тоа, РСБСП и Триглав Осигурување продолжуваат со реализирање на акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“, која што е составен дел од кампањата „Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“. Едукативната акција беше спроведена во Основните училишта “Дане Крапчев”, “ Глигор Прличев”, “Вера Јоциќ”- Скопје и “ Сами Фрашери” – с. Пирок, Боговиње.

 

prvacinja1

prvachijna2

prvachinja3