Новогодишна акција на РСБСП, ТРИГЛАВ осигурување и Комерцијална банка
Новогодишна акција на РСБСП, ТРИГЛАВ осигурување и Комерцијална банка.
На заедничко задоволство, а по повод новогодишните празници, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Триглав Осигурување и Комерцијална Банка – Скопје, во пред новогодишните денови организираа дружење со децата од Клиниката за детски болести- Скопје. Во наредните денови, дружењето ќе продолжи и со децата во „Институт за белодробни заболувања на деца – Козле“, и децата кои се наоѓаат во Клиничкиот центар- „Детска хирургија-Скопје“ . Дружењето е исполнето со забава, дополнета и поддржана од маскотата на Триглав Осигурување - кучето „Пази“, Дедо Мраз со новогодишни пакетчиња и сообраќајно едукативни материјали за децата.
На нашите најмали и најмили пријатели им посакуваме среќни празници, брзо оздравување и исполнување на сите новогодишни желби.


