ОДБЕЛЕЖАН 9 -ти ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР Битола и СВР Струмица - Сектор за превентивни работи, со  превентивни сообраќајно едукативни активности и настани организирани во ПС Битола и во основните училишта во Струмица, го одбележаа 9-ти Декември,  Денот на превенцијата. Сообраќајно превентивното дејствување  континуирана едукација уште од најмали нозе,  единствено може долгорочно и трајно да ја издигне безбедноста на сообраќајот на патиштата на повисоко ниво.