Совети за деца

Ги учиме сообраќајните правила за да се движиме безбедно во сообраќајот.

Олеснете си ги семејните патувања со креирање „игротека” во автомобилот!

Патувањето на далечни дестинации во автомобил со вашите најмали, понекогаш знае да биде напорно, истрошувачко и комплицирано и за нив, но и за вас. Умешноста да го амортизирателошото расположение на вашето дете во текот на патувањето, зависи од вас и од вашата креативност.

Креирањето амбиент на игротека во автомобилот во голема мера ќе ви го олесни патувањето вам и на вашиот мал совозач. Пред заминување, направете репертоар на песнички, но список  на други атрактивни игри, квизови... со кои ќе го привлечете и задржите вниманието на детето во текот на патувањето.

1. Зависно од возраста, детето можете да го учите кои се деловите на телото, или да набројувате Допри го носот, Покажи ми го палецот.

Покрај тоа, детето може гледајќи  низ прозор да да барапредмети кои почнуваат со одредена буква.

2. Можете да имитирате гласови на одредени животни, а детето да погодува кои се, или заедно да броите сини автомобили, со поглед да барате триаголници, коцки, кругови...

3. Ако сте во позиција на совозач, можете во кеса да ставите било кој предмет кој го имате при рака. Нека затвори очи детето, го допре истиот и нека погодува што има во неа.

4. Кога одите на подолг пат, за него можете да се подготвите: направете попис на работи кои очекувате да ги видите, па забележете ги кога ќе ги видите. Можете од тоа да направите натпревар - забележувајќи кои прв ќе види некој предмет или животно. Договорете се за симболична награда на крајот од патот.

5. Втора варијанта е правење попис на забранети работи (дрво, автомобил, птица и тн..) кои никако не смеат да се изговорат за време на патување. Кој ќе ги изговори, мораекипата да ја забавува со смешна приказна или песничка

6. И пеењето може да го зачините”. Вие или некој од сопатниците треба да отпее неколку ноти од некој популарна песна, останатите треба да погодуваат за која песна се работи. Можете и врз основа на забележана ситуација да измислувате приказни. „Ја гледаш ли онаа камп приколка?, Тие сигурно патуваат на северниот пол...