Совети за деца

Ги учиме сообраќајните правила за да се движиме безбедно во сообраќајот.

Користете авто - седишта за превоз на вашите најмили, бидејќи безбедноста никогаш не е одмор!

Возењето на бебето на предното седиште се чини како најдобра идеја, бидејќи возачот во тој случај може да види што се случува со нејзиниот мал сопатник. И законот дозволува на совозачкото седиште да се возат најмлади сопатници во таканаречени јајца седишта кои се користат во обратен смер од возењето. Доколку се одлучите така да тргнете на пат, задолжително морате да го исклучите воздушното перниче пред совозачот.

Возењето на бебето на предното седиште се чини како најдобра идеја, бидејќи возачот во тој случај може да види што се случува со нејзиниот мал сопатник. И законот дозволува на совозачкото седиште да се возат најмлади сопатници во таканаречени „јајца” седишта кои се користат во обратен смер од возењето. Доколку се одлучите така да тргнете на пат, задолжително морате да го исклучите воздушното перниче пред совозачот.

Повторно сме на тема важноста на употребата на авто - седиштата и постојаната едукација на родителите по прашањето на безбедноста на децата во сообраќајот.

Имајќи ја во предвид статистиката која низ годините е поразителна кога е во прашање користењето на авто - седиштата (децата се возат надвор од нив, несоодветно се врзани, во несоодветни седишта се..), така и по прашањето на повредите и незгодите на децата во сообраќајот, навистина е потребно постојано апелирање за подигнување на свеста кај родителите за значењето на користењето на авто-седиштата за нивниот и животот на нивните малечки!

Секој родител мора да биде свесен и одговорен кога е во прашање безбедноста на децата, а со самото тоа употребата и користењето на истите подразбира навика, а не законска обврска.

Оправдувања за неупотреба не смеат да постојат.

Не смеат да постојат изговори од типот:

- Одиме само до продавница, градинка или парк! Најголемиот број на сообраќајни незгоди се случуваат, речиси пред домот

- Го држам во раце! При судар во движење, низ силата која следи,детето/бебето добиваат таква маса, што е невозможно да се задржи во раце, на пример бебе од 5 кг, при судир во возење, со брзина од 50 км на час, колку што е дозволено низ град, ќе има маса од 100 кг. Обидете се да задржите 100 кг во прегратка!

-Не сака детето, се буни! Децата се навикнуваат и учат, потребно е трпение и доследност, а на нас како родители ни е обврска се да направиме за безбедноста на нашите најмили.

- Ние не сме се врзувале, па ништо не ни недостасува! Кога повеќето денешни родители биле деца, автомобили имало многу помалку, и начинот на возење на поранешните и сегашните автомобили многу се разликува.

- Фрлање пари, бидејќи цените се превисоки! Апсолутен фаворит во изговори за некористење на авто - седишта. Посебно ако земеме во предвид дека цените на хомологациските авто - седишта кои одговараат на ECE R44/04 или ECE R129 стандардите, ги има разновидни и се достапни за секој џеб. Останатото се ситници кои влијаат врз цената.

По прашањето на правилната употреба  на авто - седиштата, и тука ситуацијата е загрижувачка, бидејќи речиси 90 проценти од родителите кои ги користат истите, прават ненамерни грешки, поради недоволно знаење и искуство. Ви посочуваме неколку од нив:

Несоодветно фиксирање на авто-седиштето и врзување на детето во него!

Повеќето родители не се снаоѓаат баш најдобро со поставувањето на седиштето во возилото, а под тоа се подрaзбира недоволно затегнување на појасите, а со тоа и небезбедно фиксирање на истото. Со тоа само може да се постигне контра ефект. Доколку се случи појасите кои го врзуваат детето и го врзуваат авто - седиштето, да не се подеднакво добро затегнати, или се извртени, или не се закопчани во сите точки, нивото на заштита на детето драстично паѓа.

Доколку добро сте го фиксирале авто-седиштето, тоа не би требало да се поместува ниту во еден правец повеќе од три сантиметри.

Исто така чест проблем во зима е тоа што родителите не знаат дека децата не треба да ги ставаат во седиштето со зимска опрема.Напротив безбедноста на децата во авто - седиштата ја зголемува нивното седнување во нив во куќна облека, и по врзувањето со појасот, да се покријат со соодветна прекривка!

Почитувани родители, бидете секогаш одговорни! Користете авто - седишта и возете ги безбедно вашите најмили до посакуваната дестинација. Бидејќи безбедноста никогаш не е одмор!