Совети за деца

Ги учиме сообраќајните правила за да се движиме безбедно во сообраќајот.

Како до максимална безбедност на децата во автомобилот?

Детски авто - седишта

Често, децата одбиваат да седнат во детското авто – седиште или доколку седнат, одбиваат да го стават појасот и сакаат да се ослободат од него. Децата не ги разбираат сигурносните причини, темпераментни се или едноставно -
сакаат да биде по нивно. За да им создадете таква навика на вашите деца:

  • Важно е детето да ја разбере намената на детските авто – седишта, појасот и како тие придонесуваат за нивната безбедност во автомобилот
  • Важно е да имате семејни правила за безбедно возење кои ќе ги дискутирате со децата, а тие треба да ги прифатат и да се придржуваат кон нив секогаш кога сте заедно во автомобилот.
  • Понекогаш, може да одбиваат да останат во детското авто – седиште, бидејќи се сместени неудобно или појасот ги стега премногу.
  • Проверете дали се сместени удобно.

Никогаш не ги оставајте сами во автомобилот

Децата не смеете да ги оставате никогаш сами во автомобилот, ниту во
најкратки периоди, поради опасност од:

  • Топлотен удар или дехидрација – паркираните возила се загреваат брзо, дури и со подотворени прозори.
  • Изгореници од вжештени појаси и копчиња
  • Крадци на автомобили
  • Опасност од игра со контролите на автомобилот, како рачна кочница, менувач, запалка за цигари и стартување на автомобилот

Безбедно излегување од автомобилот

Најбезбедна врата за излегување на децата од автомобилот е задната врата која е поблиску до тротоарот или патеката за пешаци и не е од страната на улицата. Објаснете им и зошто оваа врата е најбезбедна.