Совети за деца

Ги учиме сообраќајните правила за да се движиме безбедно во сообраќајот.

Како децата безбедно да возат велосипед?

Драги деца, доколку наскоро полните 12 години, со кои практично ќе можете да возите велосипед на јавен пат, не заборавајте на неколку важни работи:

- забрането е симнување на рацете од управувачот


- забрането е симнување на нозете од педалите,


- возење на едно тркало и сл.

Несериозното однесување као во наведените примери може да доведе до сериозни последици.

Вашата безбедност и безбедноста на вашите другари е приоритет и исклучително важна работа и обврска, и не можете тоа да го сфатите несериозно, како игра или шега.

Со велосипед може да управува дете со наполнети 9 години, на посебни површини со намален сообраќај, на пешачка зона, некатегоризиран пат и слично. На овие површини велосипед може да вози и дете помладо од 9 години, доколку е во придружба на постаро лице од 16 години. Заради безбедност потребно е да носиш кацига, а може да носиш и штитници за лакти и колена.

Кога возиш велосипед не смееш да носиш слушалки, телефонираш и слично, бидејќи тогаш е намалено твоето внимание, а тоа може да доведе до негативни последици. Можеш да се повредиш себеси или другите. На велосипед смее да се вози и друго лице помладо од 9 години, но само ако велосипедот има посебно седиште и доколку возачот на велосипедот има најмалку 18 години.

Важно е да знаеш дека на мотоцикл, мопед, трицикл, забрането е возење на деца до 12 години.

Колку што е важно правилно да се однесуваш во сообраќајот, исто така е важно е и да ги почитуваш и останатите учесници во сообраќајот. Како учесник во сообраќајот, кога си пешак или кога возиш велосипед или некое друго детско возило, во секој миг мораш да бидеш концентриран на возењето и на случувањата на патот!