Детскиот развој и безбедноста на патиштата
Зошто децата се ризик во сообраќајот?
Однесувањето на децата не може да се објасни во само една развојна област.
Тоа е интеракција помеѓу когнитивните, социјално – емоционалните и
физичките аспекти од нивниот развој, кои ги изложуваат децата на ризик во
сообраќајот.
Когнитивен развој
- Малите деца се љубопитни и желни да ја истражуваат околината која ги опкружува
- Не ги разбираат сите опасности и што треба да прават за да бидат безбедни
- Може лесно да го изгубат вниманието, но може и да се фокусираат на тоа што е важно за нив
- Уште ја развиваат способноста за проценка на брзината и растојанието на возилата во движење
- Не се искусни како пешаци и може да ги збунат брзи промени во сообраќајот
- Уште ја развиваат способноста за проценката на звукот и растојанието
- Тоа што го гледаат го интерпретираат на различен начин од возрасните
- Можат да изговорат реченици и слогани за безбедност, но уште не се во можност да ги практикуваат самостојно
Социјално – емоционален развој
- Малите деца се друштвени и сакаат да бидат таму каде што е „акцијата”.
- Сите се различни, па тоа што функционира со едно дете, може да не функционира со друго
- Се гледаат себе си како „големи момчиња” или „големи девојки” и сакаат самостојно да прават работи
Физички развој
- Малите деца се брзи и може од безбедна ситуација брзо да влезат во опасност
- Бидејќи се мали, на возачите им е потешко да ги забележат, посебно доколу се позади возилото
- Уште ги развиваат рефлексите и реакциите, па им е потребно повеќе време за да застанат кога се во движење
- Поподложни се на повреди и на фатални последици
Возрасните се одговорни за безбедноста во особраќајот на малите деца!