Безбедноста на децата во сообраќајот - врвен приоритет на сите општествени чинители
Континуираната сообраќајна едукација и промената на навиките и културата на однесување во сообраќајот се главниот инструмент за унапредување на сообраќајната превенција, а со тоа и за намалување на бројот на загинати и повредени лица, а посебно за намалување на бројот на загинати и повредени деца и млади лица во сообраќајни незгоди.
Согласно тоа, неопходна е поголема сообраќајна едукација на децата, односно нивно едуцирање за сообраќајните правила и прописи, запознавање со сообраќајните знаци преку практични и реални примери, нивно оспособување за полесно да го препознаваат ризикот и опасностите во сообраќајот со кои секојдневно се среќаваат, како пешаци или како велосипедисти.
Заедничка обврска на сите надлежни институции, на родителите и воопшто на сите одговорни поединци е да ги информираат и едуцираат децата за сѐ што гледаат во сообраќајот и за сите позитивни и негативни примери, а посебно неопходно е да се посвети поголемо внимание на однесувањето на пешаците и велосипедистите затоа што децата најчесто учествуваат во сообраќајот како пешаци и киако велосипедисти.
РСБСП апелира до сите надлежни субјекти и до сите родители/старатели да дадат целосна поддршка и несебично да се заложат за поголема и пообемна реализација на активности насочени кон зголемување на сообраќајната едукација на децата, особено унапредување на сообраќајната култура и нивно оспособување за препознавање на ризиците и опасностите со кои тие секојдневно се соочуваат.
Со поголема практична и теоретска сообраќајна едукација за сообраќајните правила и прописи на најмладите, се гради таков облик на сообраќајна култура која значително ќе придонесе во подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот и воопшто долгорочно подобрување на состојбите со безбедноста на патниот сообраќај.
Согласно наведеното РСБСП ги поддржува сите иницијативи за зголемување на сообраќајното образование и воспитување во рамките на формалниот и неформалниот образовен процес и ги повикува сите општествено одговорни субјекти и поединци да го направат истото.
Најмалку што можеме да направиме за нашите најмили е да им обезбедиме услови и да ги оспособиме децата безбедно и непречено да учествуваат во сообраќајот.