Совети за деца

Ги учиме сообраќајните правила за да се движиме безбедно во сообраќајот.

Безбедно пешачење заедно со вашите деца

Кога пешачите заедно со вашите деца, најдобриот начин да ги заштитите од можни повреди предизвикани од сообраќајот е да ги држите за рака или да бидат блиску до вас. Со држењето за рака, спречувате да се најдат во опасни ситуации, како на пример истрчување пред автомобил или велосипед. Дури и доколку децата одбиваат да ве држат за рака или се жалат, со создавањето на семејни правила за безбедно пешачење, ќе им го објасните и зголемите безбедното однесување и ќе им помогнете да станат побезбедни пешаци.

Пораки кои треба да им ги пренесете:

„Секогаш кога се шетаме надвор, се држиме за раце”
„Доколку не можеме да се држиме за раце, оди секогаш блиску до мене”
„Без трчање далеку напред”

Лекции за учење:

  • Kaде е безбедно да се пешачи
  • Каде е безбедно да се премине улицата
  • На што да се внимава
  • На какви звуци да се обрне внимание
  • Потребата да се застане и да се погледне од двете страни на патот пред да се помине улицата
  • Потребата да се продолжи со проверка и внимание сè до целосно преминување на улицата