Зошто никогаш не треба да ги оставате децата сами во возило?
Возрасните некогаш во брзање може да се најдат во ситуација да помислат да ги остават децата во возилото – „само на неколку минути”, a често тоа може и да се пролонгира поради неочекувани ситуации, како на пример долг ред на шалтер во банка, на каса во маркет, враќање назад по заборавен предмет, неочекувана средба со пријател и слично.
Што ги изложува децата на ризик?
- Топлина. Температурата во паркираните возила се качува брзо, дури и со подотворени прозорци. Ова може да предизвика губење на течности кај децата, а може да настапат сериозни последици како топлотен удар, исцрпеност, па дури и смрт. Топлината може да предизвика и изгореници од појасите и останатите пластилни предмети.
- Емоционален стрес. Оставањето на децата сами во возило може да ги вознемири или да им предизвика стрес, но и да ги доведе во разни искушенија.
- Останати опасности. Малите деца се љубопитни и сакаат да истражуваат. Ова може да доведе до повреди доколку се сами во возилото. Може да го стартуваат автомобилот, да ја вклучат запалката за цигари, да ги отворат прозорците и да вклучат други команди. Исто така, може да го стават менувачот во неутрална позиција и да ја спуштат рачната кочница. Иако повеќето нови возила имаат безбедносни пречки со цел да спречат вакви ситуации, тие не може да ја гарантираат безбедноста на малите истражувачи. Некогаш, возилата во кои има сами деца може да се најдат и на мета на крадци, а крадците отпосле да сфатат дека во возилото има патник.
Оставањето на вашите деца сами во возило е опасност и претставува негрижа.