„Едукативен Автобус”
Проектот е наменет за едукација на деца од основните училишта за основните сообраќајни правила и прописи преку практични и реални примери насловен како „Едукативен автобус”.

Проектот организиран од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМСМ, МВР и ЈСП Скопје има за цел да ја зголеми сообраќајна едукација на децата, односно да ги зголеми нивните познавања од областа на сообраќајните правила и прописи преку практични и реални примери за да можат полесно да го препознаваат ризикот и опасностите во сообраќајот со кои секојдневно се среќаваат, како пешаци или како велосипедисти.
За време на едукативното возење, претставници од МВР и предавачи од АМСМ, преку инсталирана опрема ги информираа и едуцираа децата за сѐ што гледаат во сообраќајот и за сите позитивни и негативни примери, а посебно посветија внимание на однесувањето на пешаците и велосипедистите.