Бабите, дедовците и децата – надвор заедно и безбедно
Бабите и дедовците играат важна улога во животите на многу семејства и често се инволвирани во секојдневната грижа на внуците. Оваа грижа опфаќа носење и враќање од градинка, училиште, прошетки, заедничко одење во продавница, паркови, игралишта и организирани активности.
Предизвик е децата да останат безбедни како патници или како пешаци, но и додека си играат. Малите деца уште ги развиваат нивните способности, па возрасните ја носат одговорноста за нивната безбедност.
Зошто децата се изложени на ризик?
- Брзи се и од безбедна ситуација може брзо да се најдат во опасност
- Лесно може да го изгубат вниманието
- Нивните рефлекси уште се развиваат и им е потребно повеќе време за реакција
- Сакаат самостојно да прават работи
- Љубопитни се
- Мали се и на возачите им е потешко да ги забележат
- Се однесуваат непредвидливо
Кога сте со вашите внуци, секогаш...
- Држете ги за рака или блиску до вас секогаш кога пешачите, а сте на
- место каде може да има автомобили
- Активно надгледувајте ги додека си играат и осигурајте се дека
- просторот за игра е ограден или оддвоен од возила, улици или
- паркиралишта
- Доколку ги превезувате во возило, задолжително сместете ги во детско
- авто – седиште, кое ќе биде правилно поставено и подесено за нивната
- возраст и големина
- Учете ги како да се однесуваат безбедно кога се во сообраќај
Марија е баба која често ги шета нејзините две внучиња, четиригодишниот Филип и тригодишната Ана. Баба Марија за нејзиното искуство вели: „Филип е среќен кога ме држи за рака кога одиме, но неговата помалечка
сестра е потемпераментна и не сака да ме држи за рака, па со тоа е поризична. Затоа, да ја носам во раце ми е побезбедна опција”. Секое дете е различно и има различен карактер, темперамент, нешта кои ги сака и нешта кои не ги сака. Предизвик е тие секогаш да бидат заштитени од опасностите од возилата во движење. Одржувањето на близок физички контакт
за рака е најдобриот начин за малите деца да останат безбедни.